Силно ја осудуваме употребата на хемиско оружје во Сирија, последниот случај беше застрашувачки. Тоа е закана за меѓународниот мир и безбедност, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Го повикуваме сирискиот режим и неговите поддржувачи да дозволат укажување меѓународна медицинска помош и меѓународни набљудувачи“, додаде тој.
Столтенберг ги повика виновниците за употреба на хемиско оружје да поднесат одговорност.
„Треба да ја заштитиме забраната за хемиско оружје“, истакна генералниот секретар на Алијансата.