Американскиот носач на авиони “USS Harry S. Truman” во борбена формација со уште 7 воени бродови плови кон Блискиот исток, а разурнувачот “USS Donald Cook” веќе е пред брегот на Сирија.
Носачот на авиони, заедно со уште 7 воени бродови ќе ја замени моменталната помала група на бродови која што е предводена од разурнувачот “USS Theodore Roosevelt”.
Но, тоа што многумина повеќе ги загрижува е тоа што ракетниот разурнувач вооружен со 60 Томахавк ракети – “USS Donald Cook” е веќе пред сирискиот брег. Имено, постои конкретна можност токму овој разурнувач да го започне нападот на Сирија, на кој што подоцна ќе се придружат и остантите воени бродови и авиони.
Руските воени бродови ја напуштиле воено-морската база Тартус во Сирија поради безбедност, изјави руски пратеник. Се работи за 11 воени бродови на руската армија стационирани во тоа пристаниште.
Таму се стационирани и противракетни системи С-300 и С-400.