Могерини: Западниот Балкан е стратешки регион за Европа

Facebook
Twitter
Email
Print

Западниот Балкан претставува стратешки регион за Европа и иако тој се уште не е целосно дел од ЕУ, сепак е Европа, изјави денеска високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

 

Пред почетокот на денешната средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург, Могерини нагласи дека на состанокот ќе бидат резменети мислење како „подобро да се соработува со партнерите од Западен Балкан за заедничка безбедност и просперитет“.

 

Таа најави дека утре вечер по усвојувањето на извештаите за напредокот на земјите кои се во процес на евроитеграции, ќе отпатува во Западниот Балкан, при што ќе ги посети Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

 

Расправата на денешната министерска средба за напредокот на земјите од регионот, ќе биде во рамки на подготовките за претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 17 мај во Софија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи