Дачиќ: Ако Хрватска сака дипломатска војна, ќе има дипломатска војна

Facebook
Twitter
Email
Print

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека политиката на Србија кон Хрватска во иднина ќе биде заснована на принципот на реципроцитет и дека Белград ќе возврати со иста мерка доколу Загреб одлучи да го повлече својот амбасадор.

 

„Се надевам дека разумот ќе надвладее и дека ќе продолжиме по патот на добрососедските односи, како што имаат зацртано претседателите Колинда Грабар Китаровиќ и Александар Вучиќ. Но, доколку некој сака дипломатска војна, ќе добие дипломатска војна“, изјави Дачиќ за таблоидот Информер.

 

Тој потсети дека Хрватите го прогласеле за непожелна личност министерот за одбрана Александар Вулин и дека Белград возвратил со реципрочна мерка.

 

„Реципрочните мерки се вообичаена пракса во дипломатијата. Секаде тоа се работи. Секако, не сме задоволни со ова, но сме принудени на ваков чекор. Ние само реагираме, одговараме на нивните потези. Доколку дојде до нови непријателски чекори на Загреб, подготвени сме за реакција“, вели Дачиќ.

 

Шефот на дипломатијата оцени дека „реципроцитетот е мајка на дипломатијата“ и дека тоа го прават и американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.

 

Говорејќи за можноста Хрватска да го закочи европскиот пат на Србија, Дачиќ оцени дека не е извесно Загреб во јуни да го блокира отворањето на новите преговарачки поглавја со ЕУ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи