Неверојатно сцени пристигнаа од Латвија! Пожарникар успеа во пад да зграби жена со самоубиствени намери, спасувајќи го нејзиниот живот.
Наводно пожарникарите добиле повик за жена која седи на работ на прозорецот од една зграда, тврдејќи дека ќе се самоубие, при што веднаш интервенирале. Кога пристигнале на местото, пожарникарите сватиле дека доколку се обидат да влезат во станот од жртвата, таа во истиот момент ќе скокне.
Поради тоа, со помош на соседите, пожарникарите влегле на третиот кат во станот кој што се наоѓал веднаш под станот на жртвата, за во случај да скокне, да се обидат да ја зграбат и да и го спасат животот. Што подоцна навистина и се случило!
Веднаш потоа жената била предадена на медицинските лица.
Пожарникарот кој ја спаси жената се вика Томас Јаунземс и претставува вистински херој!