Османи: Разликите меѓу Македонија и Грција се во интерпретацијата на напишаното

Facebook
Twitter
Email
Print

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вели дека станува збор за критични моменти од преговорите за името и повтори дека се изодуваат последните метри од маратонот, кои обично се најтешки.

 

„Волја кај двете страни за затворање на спорот има. Има активен ангажман на сите нивоа во двете влади. Мое чувство е дека повеќе разликите се во интерпретација на напишаното отколку во генералните принципи коишто ги искажуваат страните во разговорите. Сите меѓународни пријатели не охрабруваат и се обидуваат да го олеснат спорот, Сметаме дека е идеална прилика да се затвори прашањето бидејќи ќе ни го отвори процесот за НАТО, за преговори за ЕУ но, барам разбирање да бидеме внимателни во овој период оти во критичните чекори многу лесно е да се изместите. Да бидеме внимателни да чекаме каков ќе биде исходот во наредните часови и денови “, рече Османи, одговарајќи денеска на новинарски прашања за време на презентацијата на новиот владин План 18.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи