Ал Пачино и 7 нови холивудски ѕвезди се приклучија на новиот филм на Тарантино

Големи вести за новиот филм на Квентин Тарантино стигнуваат од Холивуд. Нови 8 актери се приклучија на веќе преполната актерска екипа на „Once Upon A Time in Hollywood“, деветтиот филм на режисерот.

 

Телевизиски ѕвезди, филмски ѕвезди и Оскаровци, „Once Upon A Time in Hollywood“ има сѐ што можете да замислите, па и многу повеќе.

 

Како што пренесува Deadline, новиот филм на режисерот Квентин Тарантино од вчера е побогат за 8 нови актери, меѓу кои се најдоа имиња како Ал Пачино, Демијан Луис, Дакота Фенинг и Лук Пери.

 

Ал Пачино ќе го глуми ликот на Марвин Шварц, агентот на ликот на Леонардо Дикаприо во филмот. Демијан Луис ќе се појави во улогата на легендарниот актер Стив Мекквин а Дакота Фенинг ќе ја глуми една од следбеничките на култот на Чарлс Менсон, Линет „Скуики“ Фром. Добро познатиот Лук Пери, кој повеќето го знаат по неговата улога во серијата „Beverly Hills, 90210“ ќе се појави во улогата на досега непознатиот Скоти Лансер.

 

Емил Хирш, најдобро познат по неговата улога во филмот „Into the Wild“, се приклучи на актерската екипа во улогата на холивудскиот стилист Џеј Себринг, кој е еден од жртвите во нападот на куќата на Шерон Тејт во летото 1969 година. На филмот се приклучија уште тројца актери: Клифтон Колинс Џуниор, Кит Џеферсон и Николас Хемонд, кои ќе се појават во улогите на Ернесто „Мексиканецот“ Вакеро, Земјениот пират Кит и режисерот Сем Ванамејкер.

 

Премиерата е закажана за 9 август 2019 година и полека станува еден од најочекуваните филмови за наредната година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи