Ердоган победи на претседателските избори во Турција

Facebook
Twitter
Email
Print

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, прогласи победа во првиот круг на изборите на кои според официјалните податоци освои втор петгодишен мандат, овој пат со извршни овластувања.

 

„Нацијата ми ја довери одговорноста за претседавање сo државата и одговорноста за извршните должности“, рече Ердоган во неговиот говор во Истанбул.

 

Победата на Реџеп Тајип Ердоган и неговата Партија за правда и развој на претседателските и парламентарните избори ја потврди и Врховната изборна комисија.

 

„Според нашите резултати, Реџеп Тајип Ердоган го освои потребното мнозинство од гласовите. Според непотврдените резултати, АКП, Републиканската народна партија, Народната демократска партија, Добрата партија, и исламистичката партија Саадет го надминаа изборниот праг од 10 отсто“, изјави претседателот на Комисијата, Сади Гувен.

 

Резултатите ги потврдија и 97,7 отсто од пребројаните гласови, при што непребројаните гласачки ливчиња не влијаат на конечниот исход, пренесе Анадолија.

 

Актуелниот претседател доби 52,6 отсто од гласовите, а неговиот најблизок ривал Мухарем Инџе 31 отсто.

 

Конечните резултати ќе бидат објавени в петок.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи