Водителот Џејмс Корден имаше специјална емисија од неговиот серијал Carpool Karaoke со живата легенда Пол Макартни.
Сер Макартни, едниот од двајцата преживеани членови на безвременските „Битлси“, гостуваше во емисијата во која се возеа со Корден низ Ливерпул, градот на неговата младост, и разговараа за спомените од неговите најрани музички денови.
Макартни наскоро ќе го објави неговиот нов албум „Egypt Station“ од кој веќе ги објави песните „Come On To Me“ и „I Don’t Know“.