Собранието ја укина забраната за продажба на алкохол по 19 часот

Facebook
Twitter
Email
Print

Собранието со 62 гласа „За“ ги усови измените на Законот за трговија со кои се укинува забраната за продажба на алкохол по 19 часот воведена од претходната владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2008 година.

 

Владата на една од седниците во мај донесе одлука да му предложи на Собранието укинување на ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалоци.

 

Во соопштението од владата се наведуваше дека основните решенија на Предлог законот кој ќе биде доставен на усвојување во Собранието предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои истата ќе се врши, односно ќе се дозволи продажбата на истите и во киосците.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи