Пет метри долга голема бела ајкула видена во Медитеранот

Поморски истражувачи пред неколку дена забележале голем примерок на голема бела ајкула, за првпат во последниве 30 години во шпански води.

 

Научници од шпанскиот истражувачки центар Алнитак наидоа на голема бела ајкула околу 12 километри од брегот на Кабрера, јужно од Мајорка, во Балеарското Море. Во експедицијата со бродот Тофтеваг, учествуваат 10 научници од пет земји, а ајкулата е фотографирана од страна на биологот и режисер Фернандо Лопез Миронес. Пет метри долгата ајкула е забележана во четвртокот во 10 часот по локално време.

 

Откритието го објави директорот на Алнитак, Рикардо Сагарминага.

 

„Во последните години имаше случаи во кои не е потврдено дека е можно да била видена бела ајкула, но ова е прва научна потврда за присуство на бела ајкула во шпански води во најмалку 30 години“, напиша Сагарминага на Фејсбук.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи