Во Крушево започна 20-тото европско и 8-мото светско првенство во змејарство. На овие натпревари учествуваат околу 130 пилоти од 30-тина држави, а со нив дополнително се дојдени уште можеби 200 лица како придружни членови на тимовите. Над небото во Крушево можат да се забележат фасцинантни глетки со стотици параглајдеристи и пилоти на змаеви кои како да изведуваат совршен танц во воздухот.
Ова ќе биде секојдневие над небото во највисокиот град на Балканот во наредните 2 недели. Крушево уште еднаш докажува дека е една од топ 5-те дестинации во светот за развој на параглајдерството и змајарството. Одличните термички услови, рамниите терени за слетување и гостопримливоста се едни од главните фактори за тоа.
ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ АТМОСФЕРАТА ОД ПРВИОТ ДЕН НА ОВИЕ НАТПРЕВАРИ !