Археолози открија голема гробница на Инките во облик на глинена пирамида во перуанската крајбрежна пустинска рамнина, релативно далеку од срцето на Инканското Царство на Андите.
Во некрополата досега се откриени повеќе од 20 гробови, во кои телата се обвиени во благородничка облека. Наодот само потсеќа колку голема била земјата на Инките пред шпанската инвазија во 16. век – од тихоокеанското крајбрежје до врвовите на Андите.
Се верува дека средновековниот град Тукуме е основан во 12. век, од луѓе кои живееле по крајбрежјето, подоцна покорени од чимуанската и инканската цивилизација.
„Изгледа за сите тие култури било погодно да управуваат оттука“, изјави Хозе Мануел Ескудеро, предводник на археолошкиот тим.
Пирамидата на пчелите, како што е наречена некрополата, е eдна од неколкуте глинени зданија на локацијата, и веројатно била од големо значење, штом таму се погребани така важни личности.