СДСМ : Договорот е патриотски чин и историски успех за Македонците и за сите граѓани на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски секојдневно покажува дека за нив е поважна одбрана на 12 годишниот криминал и судбината на Никола Груевски, отколку иднината на граѓаните на Македонија. Велат во денешната реакција од О.О. на СДСМ Прилеп, која доаѓа по пресот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Затоа сега упорно шират лажни вести и сонуваат за амнестија на криминалот и насилството со кои безмислосно ја пустошеа државата. Со постигнатиот Договор со Грција за 25 годишниот проблем се обезбедуваат врвните национални и стратешки интереси на Македонија!

 

Договорт е јавно и транспарентно претставен пред целата македонска јавност, со сите негови детали. Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и локалните партиски гласноговорници, свесно и злонамерно ги лажат граѓаните дека постоел термин „северно македонци“.

 

Ние сме Македонци, нашиот јазик и идентитет се македонски и тоа е потврдено и загарантирано со Договорот, еднаш и засекогаш. Никој, никогаш и никаде, нема да не нарекува никако поинаку освен тоа што сме, Македонци!

 

Договорот е патриотски чин и историски успех за Македонците и за сите граѓани на Македонија. Се обезбедува членството во Нато, раст во економијата, нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните, се отвораат вратите на ЕУ. Додека ВМРО-ДПМНЕ го брани криминалот, СДСМ и граѓаните обезбедуваат европска иднина за Македонија. Македонија оди напред!

 

 

Затоа сега упорно шират лажни вести и сонуваат за амнестија на криминалот и насилството со кои безмислосно ја пустошеа државата. Со постигнатиот Договор со Грција за 25 годишниот проблем се обезбедуваат врвните национални и стратешки интереси на Македонија!

 

Договорт е јавно и транспарентно претставен пред целата македонска јавност, со сите негови детали. Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и локалните партиски гласноговорници, свесно и злонамерно ги лажат граѓаните дека постоел термин „северно македонци“.

 

Ние сме Македонци, нашиот јазик и идентитет се македонски и тоа е потврдено и загарантирано со Договорот, еднаш и засекогаш. Никој, никогаш и никаде, нема да не нарекува никако поинаку освен тоа што сме, Македонци!

 

Договорот е патриотски чин и историски успех за Македонците и за сите граѓани на Македонија. Се обезбедува членството во Нато, раст во економијата, нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните, се отвораат вратите на ЕУ. Додека ВМРО-ДПМНЕ го брани криминалот, СДСМ и граѓаните обезбедуваат европска иднина за Македонија. Македонија оди напред!“

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи