Прилеп е подготвен за една од најголемите забави во Македонија, вечерва започнува 16-тиот по ред Пиво Фест кој ќе трае се до 15 јули. За овие 4 фестивалски денови се очекува сите патишта од Македонија да водат за Прилеп. Вечерва фестивалот го отвораат Дани, Бени Тони Зен и Кирил Џајковски.
Во петок забавата продолжува со Дарио, Ван Гог, Црвена Јабука и и грчкиот ДЈ Mossel. Во саботата ќе настапат Фортисимо Бенд, Некст Тајм, Џенан Лонџаревиќ и Жељко Јоксимовиќ. Во неделата Александра Јанева, Либеро бенд, Милица Тодоровиќ, а фестивалот ќе го затвори Шабан Шаулиќ.
Хотелите и приватното сместување се скоро исполнети, а на Паркот на Револуцијата ќе се организиира и бесплатен кампинг простор.