Проесечната плата во мај 24.509 денари

Facebook
Twitter
Email
Print

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај годинава изнесувала 24 509 денари, и е за 7,1 отсто повисока од мај 2017-та, соопшти Државниот завод за статистика.

 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (23.1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (17.4 %) и Информации и комуникации (15.3 %).

 

Зголемување во однос на претходниот месец е регистрирано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (19.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.9 %) и Преработувачка индустрија (3.1 %).

 

Просечната месечна бруто-плата, пак, во мај 2018 изнесувала 35 983 денари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи