Во текот на вчерашниот ден, и покрај силниот дожд, коњаницата пристигна во Крушево и со тоа ја продолжи 40-годишната традиција на Илинденскиот марш.
Коњаницата беше пречеката од градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој им посака добредојде, а учесниците во коњаницата традиционално пробаа од крушевската погача и црвено вино.
Во изјава за медиумите градоначалникот Христоски го честиташе празникот и го изрази своето задоволство од пристигањето на коњаниците од неколку правци во Републикава, а предводникот на коњаниците попознат како Гоце Бозо повика на сплотеност во очи на празникот.
140