ВИДЕО – Смилеска : Со членството во ЕУ голем бенефит ќе имаат македонските земјоделци

Покажавме и докажавме дека го цениме трудот на земјоделецот. Ги зголемивме субвенциите за тутун и воведовме систем за навремена исплата, односно исплата на субвенциите тогаш кога им се најпотребни на тутунарите, за да инвестираат во новата реколта. Со зголемените субвенции само по тој основ во Прилеп влегоа околу 13 милиони евра. Никој повеќе не може да манипулира со маката на тутунарот. Истакна на денешната прес конференција Кети Смилеска, пратеник во Собранието на РМ од редовите на СДСМ.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Сега ги отвараме вратите кон ЕУ, со што сите стекнуваме огромни придобивки. Со членството во ЕУ значително ќе се зголемат фондовите за македонските земјоделци. Тоа значи повеќе европски пари за субвенции, за механизација, за повисок приход, подобар пласман и подобри цени. Влегуваме во пазар од 500 милиони потрошувачи, односно пазар што го сочинуваат 7.5% од светската популација. Тоа значи сигурен пласман, зголемен извоз на македонските земјоделски производи во странство и повисока откупна цена на нашите земјоделски производи. Секој земјоделец ќе има поголем приход по влезот на Македонија во ЕУ.

 

Примерот со соседна Бугарија е најдобар показател за тоа. Со влезот во ЕУ, приходот на секој земјоделец во Бугарија се зголемил за 49% во периодот од 2007 до 2012 година.

 

Почитувани граѓани, почитувани земјоделци, покрај огромните придобивки во земјоделието, со пристапувањето во ЕУ, создаваме услови за подобрување на животниот стандард за сите наши граѓани, за поголеми плати, повеќе и подобро платени работни места, инвестиции, раст и развој. Сите овие придобивки од членството на Македонија во ЕУ и НАТО можат да станат наша реалност и наше секојдневие.

 

Затоа ве повикувам да се обединиме и заедно да обезбедиме светла иднина за нас и за нашите деца. На 30 септември масовно да излеземе на референдум и заедно да ја донесеме одлуката за Македонија во ЕУ и НАТО“

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи