Австралиски параглајдерист кој живее во Германија пред неколку денови бил хоспитализиран на инфективната клиника во Скопје со симптоми на маларија. Претходно параглајдеристот престојувал и летал во Крушево.
Неофицијално дознаваме дека во понеделникот состојбата му се искомплицирала и од крушевската болница е пренесен во општата болница во Прилеп, од каде повторно се враќа во Крушево. Во вторникот е пронајден во тешка состојба во Крушево од каде е препратен во Скопје.
Според информациите од Инфективната клиника во Скопје тој најверојатно болеста ја добил во Никарагва, каде претходно престојувал, но засега ништо сеуште не е потврдено.
Ова заразно заболување не се пренесува од човек на човек, пренесители се единствено инфицираните комарци. Во Македонија последнава деценија се регистрираат само увезени случаи на маларија, во просек 4 до 6 годишно, кои работеле или живееле во земји во Африка.