Општина Прилеп стана дувло на масовно партиско вработување. СДСМ системски работи на планот за полнење на партиските кадри во општинската администрација. Прашувале дали градоначалникот на Општина Прилеп за нови партиски вработувања ќе потроши 100.000 евра ? Запрашаа денеска на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Нема за пари за нови инфраструктурнии проекти од кои прилепчани ќе имаат најголам придобивка, но затоа има пари за партиските активисти и послушници на СДСМ. Јованоски и СДСМ единствено што прават е уназадување на Прилеп.
Дали градоначалникот Јован оскии преку партиските вработувања сака да ги уцени граѓаните да гласаат за капитулантското дело кое го потпиша Зоран Заев и Владата на СДСМ со јужниот сосед каде што се откажуваат од македонскиот идентитет ?
Дали Јованоски е севесен дека преку незаконско работење и вработување на активисти само 1 месец пред референдумот станува директен соучесник во криминалното и незаконско работење на СДСМ и Заев ?
Пред извесно време прашавме колкав е бројот на нововработени во Општина Прилеп и врз каков критериум истите се бирани, но не добивме конкретен одговор. Главен приоритет при вработувањето имаат внуки, ќерки и пријатели на функционери и видни членови од редот на СДСМ. Очигледно животот дојде за нив, но не и за обичниот граѓанин.
Иако во предизборната кампања токму СДСМ и Јованоски најавија транспарентност, засега освен замајување на народот со навидум некакво работење, без ниту еден значаен реализиран проект, нема што друго да му понудат.
Најдобар пример како не треба да изгледа и работи е токму градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, Затоа оваа ненародна власт мора што поскоро да си замине. За доброто на Македонија, за доброто на Прилеп кој некогаш важеше за еден од најубавите градови.
Народот е мудар, народот секојдневно ги препознава лажните ветувања и штетите кои произлегуваат од договорот со Бугарија и Грција и благодарение на неговата мудрост, Македонија ќе победи !“