Марјанче Стојановски градоначалникот на општина Демир Хисар од редовите на СДСМ, е повикан на разговор во полициска станица поради заканите кон вработените. Во овој момент Стојановски дава изјава во полицијата, велат извори од истрагата.
Тој во пресрет на референдумот, како што можеше да се забележи на видеото кое излезе во јавноста, им се заканувал на вработените во училиштата дека ќе ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат. Вработените во општината пак добивале закани за преместување од нивните работни места и отпуштања.