„Следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Н.Г., како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет по допрен глас. Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија. Предметот е доделен на надлежен обвинител и во рамки на предистражната постапка издадени се Наредби за прибирање податоци поврзани со настанот“ се вели во соопштението.
Портпаролот на владата Миле Бошњаковски денеска информира дека внатрешната контрола на МВР веќе започнала со испитување на евентуална вклученост на претставници од полицијата во планот за бегство на Груевски. МВР истражува на кој начин Груевски ја напуштил Македонија, како и дали имал надворешни помагатели.
На денешната прес-конференција, тој рече дека Министерството за правда ја собира потребната документацијата за екстрадиција на Груевски од Унгарија. Потоа таа документација ќе треба да се преведе на унгарски јазик и да им биде доставена на релевантните институции на Унгарија.