ВИДЕО – Вработените во Еурокомпозит повторно без плата, без струја, а во фирмата воопшто нема работа

Голготата на вработените во прилепски Еурокомпозит нема крај. Денеска повторно им ја исклучиле струјата за неплатени сметки, а повеќе од 2 месеци немаме земено плата и немаат здравствено осигурување. Велат дека минатата недела 130-те вработени кои заминале као технолошки вишок не зеле ниту отпремнина, ниту плата. А во преговори било до 11 декември да заминат технолошки вишок уште 24 мина.

 

 

„Останавме на работа уште околу 100 вработени,  а работа немаме никаква. Директорот денеска ги испушти сите вработени и им кажа да чекаат дома до повторно повикување. Кога ќе биде тоа повторно повикување и ние не знаеме. За плата прашуваме и тоа не знаеме кога ќе се пушти. Денеска се слушнав јас со овие 130 луѓе кои си заминаа, тие се во најава да одат да протестираат да одат во Скопје, тие се 150 луѓе и најверојатно и ние 100 ќе им се приклучиме и еднаш засекогаш да се реши овој проблем“, изјави Роберт Богданоскии, претседател на синдикат на Еурокомпозит.

 

Богданоски рече дека од страна на директорот имало ветување дека до 30-ти овој месец оние кои заминале технолошки вишок ќе добијат по 50.000 денари, а остатокот од отпремнината да ја земеле за 2 до 3 месеци.

 

„Но како што гледате во фирмава нема пари ниту здравствено осигурување да ни платат, нема пари ниту за плати, а камоли да се исплатат околу 130.000 или 140.000 евра за отпремнина. Сите кои си заминаа не веруваат во таа отпремнина најголема надеж им е дека ќе се донеси законот и дека ќе влезат во тој закон за некои мизерни 7.000 денари кои ќе ги земаат до пензионирање. Доколку не се донеси тој закон овие луѓе кои си заминаа најмногу што ќе користат е една година надомест од Бирото за вработување, таму е пресметано отприлика од 4-5.000 денари зависи од тоа колку му била платата во 2012 година. До 6 месец 2012 година е платен стажор во фирмава и се пресметува плата во последните 2 години откако е платен стажот“, додаде Богданоски.

 

Од Владата претходно им ветија дека веќе биил најден новиот инвеститор кој треба да влезе во Еурокомпозит и дека тоа ќе се случело што поголем дел од вработените заминат како технолошки вишок.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи