Неофицијално, унгарската Канцеларија за миграција го одобрила барањето на осудениот екс премиер, Никола Груевски, за политички азил во земјата. Информациите ги пренесоа дел од унгарските медиуми, кои уште изутринава објавија дека одлуката е донесена без да прецизираат за нејзината содржина.
Во меѓувреме, од македонското Министерство за правда денеска информираа дека барањето за екстрадиција на Груевски е подготвено и може да се очекува денеска да биде испратено до унгарските власти без разлика на тоа каква ќе биде одлуката на унгарските власти за азил.