На тинејџер во Германија му е одземена возачката по 49 минути откако му била издадена

Тинејџер успеал да ја изгуби возачката дозвола по само 49 минути откако му била издадена. 18-годишникот се враќал дома откако ја добил возачката дозвола, кога го сопрела полиција во градот Хемер откако го фатила на радар за недозволена брзина.

 

Полицијата соопшти дека тинејџерот возел речиси два пати побрзо од дозволената брзина, односно 95 км/ч во зона во која ограничувањето е 50 км/ч.

 

„Некои нешта траат вечно, а некои ни цел час“, на шега соопштила полицијата.

 

Тинејџерот во автомобилот возел 4 другари, па најверојатно се обидувал да ги импресионира со своите возачки способности.

 

Возачката дозвола му е одземена на еден месец, но полицијата соопшти дека ќе ја добие назад дури по „скапи дополнителни часови”.

 

Освен забраната, казнет е и со 200 евра, а пробниот период за нов возач му е продолжен од две на четири години.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи