Пристигна првиот трејлер за филмот со кој завршува епската авантура на Марвел, Avengers. Од тоа што може да се види е дека се враќа Hawkeye, ликот од оргиналната екипа на Avengers, кој не го видовме во првиот дел. Исто така, интересно ќе биде да се види и приказната за Ant-Man, кој остана заглавен во микроверзумот откако Thanos избриша половина од популацијата на земјата, а може да се забележи на крајот од трејлерот.
Како и да е, сите го очекуваме завршниот спектакл со хероите кои ни обезбедија одлична забава во последниве 10-тина години. Премиерата на Avengers 4: ENDGAME е закажана во април 2019.