ОО СДСМ Прилеп : Едвај 300 прилепчани го поддржаа антизападниот Мицкоски

Фактот што едвај 300 прилепчани излегоа да го слушнат антизападниот пион Мицкоски, е јасен знак дека граѓаните на Прилеп не ги поддржуваат политиките за заштита за криминалот на неговиот ментор Груевски. Велат во писмената реакција на ОО СДСМ Прилеп, која доаѓа после прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Антизападниот Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ очајно посакуваат да се врати времето кога дуќанџиите „пиштеа и вриштеа“ од нарачаните казни и инспекции, кога се затвораа фирмите и кога на грбот на граѓаните преку наместени тендери се богатеше криминалната фамилија.

 

Неспособниот Мицкоски како лева рака на Никола Груевски, носи директна одговорност за 12 годишниот безмилосен грабеж на народните пари. Впрочем, додека граѓаните осиромашуваа, Мицкоски се богатеше и стана сопственик на хидроцентрали.

 

Затоа денес безидејниот Мицкоски и ДПМНЕ имаат само еден план, а тоа е повторно изолирање на Македонија од евро-атлантскиот пат и враќање на политики на тепање студенти, уништување судбини, корупција, криминал.

 

СДСМ и граѓаните нема да дозволат да помине таквиот мрачен план на Мицкоски. Предвреме е осуден на пропаст секоја обид за уништување на иднината на Македонија.

 

Граѓаните станаа партнер на политиките на СДСМ затоа што сега од ден на ден се намалува сиромаштијата и парите се враќаат назад кај граѓаните, а казните што ги наметна и безмилосно ги спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ, денес се намалени за 75 отсто.

 

Македонија чекори кон подобро утре. Секој ден сме се поблиску до ЕУ и НАТО. Секој ден сме чекор понапред во борбата со сиромаштијата. Чекор по чекор ги подобруваме условите за живот на најранливите, на осиромашените. Работите се менуваат, проблемите се решаваат, се гради сигурна и безбедна иднина за младите“, велат од ОО СДСМ Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи