Во спомен куќата „Тодор Проески“ се одржа детска хуманитарна ревија со изработките на студентите од Технолошко техничкиот факултет од Штип, под менторство на доцент м-р Ванѓа Димитријева Кузманоска.
Изработките кои беа претставени од учениците од ООУ „Никола Карев“ од Крушево ќе се донираат на деца од 6 до 9 години згрижени во семејства во Крушево.