Македонската пејачка Александра Јанева ќе ја има главната улога на Новогодишната прослава во Крушево. Забавата започнува во 21:00 со загревање со ди џеј Хуго, а крушевчани и туристите ќе ја дочекаат Новата 2019 година со настап на Александра Јанева.
Јанева сними и промотивно видео со што ги повикува сите крушевчани и посетители на Крушево Новата 2019-та година да ја пречекаат на градскиот плоштад.