Прилепчанка почина при задушување од чад откако претходно избувнал пожар во куќата во која се наоѓала.
Како што соопшти МВР, пожарот избувнал вчера околу 20 часот во куќата лоцирана на улицата Митко Цветановски во Прилеп, сопственост на М.К.(82).
Пожарот е изгаснат од Противпожарната екипа, а во куќата е пронајдена почината М.К. која најверојатно починала од задушување.
Извршен е увид на местото на настанот.