Црквата Свето Благовештение или Стара Црква од Прилеп веќе 10-та година по ред традиционално ја организира хуманитарната акција за социјално загрозените православни семејства во Прилеп. Акцијата трае само уште 2 дена, денес и утре. Сите хумани граѓани, секој според својата желба и можност, можат да донираат во посебно означените црвени кутии кои се поставени во црквата.
Со собраните средства ќе бидат купени прехрамбени производи и други намирници кои ќе им бидат донирани на оние на кои им е најпотребна нашата помош.
Да ја покажеме нашата хуманост на дело за празниците кои следуваат !