Дроновите Посејдон можат да носат нуклеарни боеви глави од два мегатони, што би можеле да ги уништат западните пристаништа, односно било кои непријателски поморски бази.
Четири подморници опремени со дронови Посејдон ќе ѝ се придружат на Северната и Руската пацифичка флота.
„Очекуваме две подморници опремени со дронови Посејдон да влезат во службата на Северната флота, а други две да се приклучат на Руската пацифичка флота. Секоја од подморниците ќе носи до осум дронови и според тоа во Руската морнарица наскоро би можеле да бидат вкупно дури 32 Посејдона“, неименуван извор од руската индустрија за одбрана изјави за Тасс.
Новинската агенција Тасс сè уште официјално не ги потврди овие информации.
Рускиот претседател Владимир Путин за прв пат во март минатата година го спомна развојот на подводните дронови на нуклеарен погон кои можат да носат и конвенционални и нуклеарни боеви глави, и способни се да уништат разни непријателски објекти, носачи на авиони и други цели.