Поради озборување на првите соседи, госпоѓа Даринка, денеска, во Општинскиот суд во Златар, во Хрватско Загорје, е прогласена за виновна и наложено ѝ е на озборуваните Стјепан и Звонко да им плати 800 евра отштета, како и да ги намири судските трошоци од 1.000 евра.
Даринка во една геодетска канцеларија во малиот загорски град пред три лица за своите соседи рекла дека се криминалци и крадци, корумпирани и дека ги подмитиле градоначалникот и сите инспектори. Судот наведува дека тоа го сторила со цел лично навредување и омаловажување, како и изнесување лаги за луѓето, поточно пред други изнела крајни лаги за некого кои може да му наштетат на неговата чест и углед знаејќи дека се невистинити, а делото му станало достапно на повеќе луѓе, со што, клеветејќи, сторила кривично дело против честа и угледот.
Наклеветените мажи рекоа дека Даринка им е сосетка на која ѝ пречи нивната фарма за одгледување дивеч, па од почетокот на 2016 година систематски ги демне и малтретира. Даринка се бранеше во судот дека не рекла такво нешто, но двајца сведоци од геодетската канцеларија ја потврдија спорната клевета.