„Ленд арт“, насловен „Езеро или пластика“, а посветен на загадувањето со пластични шишиња на Дебарско езеро, е изработен на неговиот брег од страна на ликовниот уметник Адем Сулејманоски.
„Секоја година помеѓу 40 и 60 илјади пластични шишиња се слеваат во водите на Дебарското езеро. Овој проблем секогаш е актуелен напролет кога високите водостои на реките и потоците во Дебарско-реканскиот регион носат огромни количини пластичен отпад во езерскиот басен“, велат од незивисната уметничка сцена.
Интервенцијата се наоѓа на брегот на Дебарското езеро во близина на селото Косоврасти. „Ленд артот“ е со димензија 8 х 3 метри, и е изработен од камен и мешани материјали.
Идејата на овој „ленд арт“ е да укаже на потребата од регулирање на собирањето отпад и намалувањето на езерото кое иако има квалитетна вода сепак е преполно со механички отпад каде доминираат пластичните шишиња и останатиот пловечки пластичен отпад.
„Ленд артот“ е дел од серијата ленд артови со еколошка тематика кои авторот ќе ги работи оваа пролет во рамки на проектот „Лeнд арт и креативни акции врз оштетена инфраструктура“, кој е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество- Македонија.