Според анализите на Министерството за здравство во земјава недостасуваат околу 600 лекари, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Филипче исто така истакна дека е задоволен од бројот на вакцинирани деца, но и дека до сега ситуацијата ќе била далеку покритична, доколку не се прогласела епидемија на морбили.
Министерството за здравство на 16 декември воведе вонредни мерки на територија на Скопје, а сега е прогласена епидемија и во Гевгелија, Тетово и Куманово.