Долгоочекуваниот автопат Штип – Миладиновци официјално ќе биде пуштен во тест употреба овој викенд, а официјално ќе биде пуштен по два месеци, велат од Министерството за транспорт и врски.
Од Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта велат дека новиот автопат е пуштен во пробна употреба, до наредната година ќе бидат изградени и патарините кои што со основниот проект не биле предвидени, па бидејќи треба време за измени и тендери, дотогаш граѓаните ќе возат бесплатно.
Миладиновци – Штип почна да се гради пред 5 години, а чини нешто повеќе од 200 милиони евра, пари обезбедени преку кредит од Ексим Банка.
Сугарески и Китанов уверуваат дека капиталните инвестиции оваа година ќе бидат исклучително високи. Очекувањата се до крајот на годинава рехабилитирани да бидат 800 километри патишта од најразлични категории.