Британската компанија The Post Office секоја година објавува листа од најевтините градови во Европа. Годинава на првото место на листата се најде Вилнус, главниот град на Литванија.
Тој е прогласен за најевтин европски град според споредбата на цените на туристичките атракции, градскиот превоз, храната и пијалаците, како и две ноќевања во двокреветна соба во хотел со три ѕвезди.
Според овие податоци, Вилнус е најевтина опција, таму сè чини 170 евра од човек, но во тоа не е вклучена цената на превозот до и од градот. Во извештајот се додава дека цените се 11 проценти пониски во однос на минатата година.
Ова е целосната листа на најевтини европски градови за 2019 година:
1. Вилнус, Литванија
2. Белград, Србија
3. Варшава, Полска
4. Истанбул, Турција
5. Букурешт, Романија
6. Порто, Португалија
7. Рига, Летонија
8. Братислава, Словачка
9. Москва, Русија
10. Прага, Чешка