Апелациониот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на екс министрката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за пресудата во случајот „Тенк“ за незаконска набавка на Мерцедесот од страна на МВР, и првостепената казна од шест години затвор и ја намали на четири години.
Како што се наведува во соопштението од Апелација, во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврдува.
Сепак Јанкуловска нема да оди веднаш во затвор, поради тоа што има бебе под една година.
Инаку поранешната министерка за внатрешни работи за набавката на владиниот „мерцедес“, вреден 600 илјади евра, на 8 октомври минатата година беше осудена на шест години затвор. За истиот случај, екс премиерот Никола Груевски доби две години затвор. Помошник-министерот Ѓоко Поповски првично доби 6.5 години, а потоа му беше намалена на 4 години и 6 месеци.