ВИДЕО – Прилепчанец 6 години низ лавиринтите на системот се обидува да добие семејна пензија

Цели 6 години трае голготата на прилепчанецот Марјан Димоски низ лавиринтите на Фондот за ПИОМ во обид до докаже дека неговиот брат, Сашо Димоски, кој боледува од шизофренија од 2003 година, му следува семејна пензија од нивната почината мајка.

 

 

„И правно и финансиски се исцрпивме и изгубивме надеж во институциите. Се плашам дека барателот на пензијата да не даде Господ ќе почини додека истата ја добие“, вели Марјан Димоски, брат на Сашо Димоски.

 

За прв пат документите за пензијата ги поднесле во 2013 година, но Комисијата за оценување на работна способност братот на Димоски го прогласувала за здрав.

 

„Неземајќи ја во предвид целата медицинска документација која што ја има во изобилство. И го прогласуваше лицето за здраво само врз нивна оценка како дискреционо право“, додаде Димоски.

 

По скоро 2 години на жалби и натегања Комисијата во 2014 година го прогласува Сашо Димоски дека е болен. Но со тоа тој повторно неможе да добие пензија бидејќи според законот за пензија потребно е датумот на стекнување инвалидност да биде пред поднесувањето на документите, а не после тоа. Досега 5 пати се имаат жалано и до Второстепената комисија која одлуката на Првостепената комисија ја врaќа на повторно разгледување, но залудно, не сакаат да му го сменат датумот на стекнување инвалидност.

 

„Значи јас ако не сум во право тогаш и Второстепената комисија не е во право и таа ќе ме одбие. Ама очигледно е дека овде има некоја неправда, некое непочитување на законите, некое право кое со Устав ни е загарантирано и треба да го добиеме“, кажа Димоски.

 

Се жалел и до Управниот суд кој исто така пресудува во негова корист делото да се врати на повторно разгледување. Иако одговорот му нема стигнато официјално тој го дознал каков е.

 

„Сега пред 3-4 дена, минатата недела по законот за слободен пристап до информации извршив личен увид во предметот кој што се наоѓа во ПИОМ во Прилеп и видов дека повторно не се почитуваат ниту решенијата на Второстепената комисија ниту на Управниот суд и дека решението ќе биде повторно негативно“, потенцираше Димоски.

 

Димоски веќе поднесол претставки до ПИОМ, Министерството за труд во чија надлежост е комисијата за ревизија, до Народниот правобранител и Хелсиншки Комитет и апелира за помош до сите надлежни органи за овој негов апсурден случај.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи