Слабата реализација на капитални инвестиции ќе се подобрува со контролни тимови

Facebook
Twitter
Email
Print

Откако продолжи катастрофалната реализација на капиталните инвестиции и во оваа година, каде во првите два месеца се реализирани само 3,53 отсто, владата реши да формира тимови кои построго ќе ја контролираат работата. Вицепремиерот Кочо Анѓушев ќе биде на чело на тимот, заедно со министрите за економија Крешник Бектеши и за транспорт и врски Горан Сугарески.

 

„Имаме за задача во името на владата да ги контролираме капиталните инвестиции и истите да ги забрзаме. Тоа почна пред месец дена и морам да кажам дека има сериозни исчекори, а бројките допрва ќе ги видиме“, изјави вицепремиерот Анѓушев.

Власта се правда дека градежните услови се причината што реализација на капиталните инвестиции во првите два месеца од годинава се ниски. Инаку, реализацијата на капиталните инвестиции во февруари  изнесуваат само 2,44 отсто од предвидените за 2019 – та година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи