Во селото Житоше, прилепско, во дворот од куќата сопственост на Ј.И. (75), во плевна и магацински простор избувнал пожар, во кој целосно изгорела дрвената конструкција на двете простории, а опожарени биле и земјоделски машини.
Исто така, опожарена била и покривната конструкција на гаражата сопственост на И.М., која се наоѓала до плевната.
Пожарот бил пријавен вчера во 05.55 часот во полициското одделение во село Ропотово, јави МВР.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат и бил извршен увид. Повредени лица нема.