Вчера во 14.20 часот на крстосница од улиците „Војводинска“ и „Ладо Ланецот“ во Прилеп, патничко возило „Фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(49) од Прилеп удрило во осумгодишно дете од Прилеп.
Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската болница- Прилеп каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.