Груевски: По победата на локалните ќе бараме нови парламентарни избори

Ако по утрото денот се познава, денот е многу лош и овој ден нема долго да трае. Ова ќе мора да се прекине, по победата на овие локални избори логично е ВМРО-ДПМНЕ да бара и да добие предвремени парламентарни избори. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител.

 

Тој нагласи дека ќе започне нова ера во Македонија која ќе стави крај на помрачувањето што и се случи на државата со доаѓањето на СДСМ.

 

„Оттука произлезе и нашиот нов документ „Нова ера“ со кој даваме една визија за наредната декада, што е она што ВМРО-ДПМНЕ планира да го направи и ќе го направи од денот кога ќе ја преземе централната власта. Овие локални избори се и локални, но и се избори кои ќе предизивкаат и предвремени парламентарни избори. Луѓето треба да знаат што понатаму ќе следи. Ние остануваме народна партија, го зајакнуваме фокусот на делот на граѓанска десница, но нашиот главен фокус ќе биде економијата. Освен зголемување на вкупниот приход, планираме дека секоја година, просечно гледано во декадата ќе имаме раст на економијата од 4 и повеќе проценти БДП, дека ќе имаме нови 150.000 работни места и дека невработеноста ќе се намали под 10% и дека ќе имаме намалување на сиромаштијата за три четвртини во наредната декада. Тоа се едни од главните работи, образованието ни останува главен фокус, 6% од БДП одвојување на средства за образованието секоја година“, посочи Груевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи