Одбележана 77 годишнината од смртта на народниот херој Орде Чопела

Со положување на свежо цвеќе на Могилата на непобедените од страна на претставници од средното училиште „Орде Чопела“, Здруженијата на борци од Прилеп и Битола, и делегација од Општина Прилеп се одбележа 77 годишнината од смртта на народниот херој Орде Чопела.

 

Ученици од средното училиште „Орде Чопела“ кое денес го слави својот патрон празник  положија свежо цвеќе пред  бистите во Алејата на народните херои. Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на средното училиште „Орде Чопела“ свежо цвеќе беше положено и пред бистата на Орде Чопела која се наоѓа во училишниот двор и пред бистата во населбата Варош.

 

 

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на средното „Орде Чопела“ во попладневните часови со почеток од18.30 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи  Свечена академија посветена на ликот и делото на народниот херој Орде Чопела.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи