Комисијата за склучување корупција на денешната седница по сопствена иницијатива донесе одлука да отвори постапка дали со вчерашното соопштение на Министерството за земјоделие дека се исплатени 80% субвенциите за тутун е прекршен изборниот законик.
Според антикорупционерите не е јасно дали овие 27 милиони евра се редовна или нередовна исплата и зашто сега се врши истата.
По сопствена иницијатива исто така Антикорупциска ќе утврдува дали раководителот на Секторот за хортикултура на водовод и канализација Јово Темелковски ја злоупотребил својата положба за партиски цели и за промоција на кандидатот на власта Стево Пендаровски.
На денешната седница Антикорупциска прифати 3 од 4 иницијативи за прекршување на законик на ВМРО-ДПМНЕ и покрена прекршочни пријави за градоначалниците на Штип и Гази Баба.