Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 31 годишната Л.Л. од Прилеп поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, информира МВР.
Имено, на 29.12.2018 година на улицата „Мирче Ацев“, од страна на полициски службеници, при преглед над пријавената и тезгата на која продавала разни предмети, биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.