ВИДЕО – „Владата без срам не престанува да не лаже и малтретира“ – Еурокомпозитивци со нови протести во Прилеп

Поранешните вработени во прилепски Еурокомпозит повторно излегоа на протести револтирани од односносот на Владата. Обвинија дека кога биле на протест во Скопје вицепремиерот Анѓушев им рекол само тоа дека имало најдено инвеститор за фабриката, без да им каже кој е тој. Инвеститорот наводно нудел 1,5 милиони евра, од кои дел требало да се исплати и некој заостанат кредит на компанијата. Според вработените потоа Анѓушев им рекол, што сакате правете со останатите 1,1 милион евра и си заминал без објаснување.

 

 

„Влезе на 5 минути, фактички ние немавме време ниту прашања да му поставиме, практиично нииту ни дозволи да му поставиме прашања. И сега ќе не натера да се испокараме ние сами помеѓу себе, бидејќи некој сака исплата на заостанати плати, некој на заостанатите придонеси, некој друго нешто, тоа не е во ред“, рече Пеце Вељаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Анѓушев ги обвинил дека инвеститорот дури и ја намалил цената поради тоа што тие протестирале со шатори пред Влада.

 

„Тоа со еден збор значи дека не лажат. Сега ти вели купуввачот кога ве виде со шатори ќе ја турне цената и еве ја турна“, вели Жарко Талески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

„Што му имаме толку згрешено овие 150 – 200 луѓе што не малтретираат вака ?“, запраша Цветан Бунтески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Од Владата ги обвиниле и за тоа дека опозицијата ги терала да штрајкуваат, тие демантиираат секаква поврзаност со било која партија.

 

„Владата веќе ги потроши сите лаги, повеќе нема лаги и сега вината ја префрла на нас. Владата, посебно вицепремиерот не обвинува нас дека опозицијата ни ги плаќала автобусите за да одиме да штрајкуваме во Скопје. А да му кажиме ние да вицепремиерот дека доколку сакаше опозицијата да ни го реши проблемот имаше повеќе години за тоа“, изјави Борко Томески, поранешен вработен во поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Еурокомпозитовци најавија можно ново враќање со шатори на протест пред Влада овие денови.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи