Вчера во Полициската станица Прилеп, С.С. од Прилеп пријавил дека околу 17.00 часот на место викано „Три Багреми“ во Прилеп, С.А., Р.А. и уште две непознати лица физички ги нападнале него, неговиот татко С.С., неговата мајка С.С. и сестрите Ѓ.С. и А.С.
Според пријавеното, лицата со дрва и секири го нападнале С.С. и неговото семејство, а во еден момент, едно од лицата извадило оружје и со кундакот го удрило С.С. по главата.
После тоа, според пријавеното, напаѓачите побегнале, а С.С. и членовите на неговото семејство со возило на Итна медицинска помош биле однесени во болницата ,,Борка Талески“ во Прилеп, каде им била укажана лекарка помош.
ОД СВР Битола велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.