Од Нова Година Народна банка ќе ги пушти во оптег парите со новото име на државата. Први ќе се менуваат книжните пари со апоени од 10 и 500 денари, соопшти гувернерката на Централната Банка, Анита Бежоска. Новите пари нема да бидат двојазични.
„Парите ќе се повлекуваат и ќе се пуштаат во оптек во согласност со природниот циклус и потребите. Очекуваме првите банкноти да излезат на почетокот од следната година. Ова е подолг процес, но ние веќе имаме распишано два тендера и очекуваме таа постапка да биде реализирана во согласност со нашите проекции“, рече Ангеловска Бежоска.