Од денес се вози со поевтини горива

Facebook
Twitter
Email
Print

Од денес возачите ќе полнат поевтини горива во своите автомобили, откако Регулаторна ги објави новите цени на горивата за наредните 7 дена. Од ноќеска на сите бензински станици горивата се точат по цени поевтини за 3 односно 2,5 денари по литар.

 

Новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 66,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 денари за литар. Малопродажната цена пак на дизелот ќе биде 60 денари за литар.

 

Со оваа најнова одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,18 отсто.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи